Димитров: Ми честитаа од Кабинетот на Меркел за победата, ги замолив да не се одрази тоа лошо врз поддршката
Не, ова не е сатирична вест објавена на порталот Кооперација. Ова навистина го напиша Никола Димитров на Фејсбук откако македонската фудбалска репрезентација ја победи германската со 2:1.
Како што истакна Димитров, вечерва добил порака со честитка од пријател кој работи во Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, а како што самиот тој се пофали, на честитката му возвратил со зборовите: Се надевам дека ова нема да значи крај на Вашата поддршка.