ДИМИТРОВ НАМЕСТО ЗАЕВ ЌЕ ПАТУВА ВО БЕЛГРАД Иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува и по најавената оставка на премиерот
Претходно на средба со лидерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, беше планирано да отпатува премиерот Зоран Заев, но тој ја откажа посетата по неговата најава за оставка на сите функции, веднаш по завршувањето на локалните избори.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ќе ја претставува владината делегација на претстојниот состанок во Белград, каде ќе се одржи нова сесија од иницијативата „Отворен Балкан“.
Претходно на средба со лидерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, беше планирано да отпатува премиерот Зоран Заев, но тој ја откажа посетата по неговата најава за оставка на сите функции, веднаш по завршувањето на локалните избори.
„Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров. Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци“, информираа од Секретаријатот за европски прашања.
Воедно, во Белград предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.