ДИМИТРОВ ГИ НАЛУТИ СРБИТЕ Вицепремиерот заборави да се заблагодари на Србија

По твитот на Димитров во кој заборава да и каже фала на Србија реагираат и српски, но и македонски и странски граѓани.

4,014

Вицепремиерот за Евроинтеграции Никола Димитров налути дел од српската јавност откако вечерва упати благодарност до неколку земји од ЕУ кои дадоа помош на Македонија во битката со пожарите.

Димитров на нивните јазици им кажа фала на Словенците, Унгарците, Австријците и Бугарите.






Меѓу тие земји што добија благодарност Димитров не ја споменува Србија која прва упати хеликоптери за гаснење пожар, а двајца нејзини министри пристигнаа во Скопје да ја анализираат ситуацијата и да ја распоредат помошта.

По твитот на Димитров во кој заборава да и каже фала на Србија реагираат и српски, но и македонски и странски граѓани.

 

Поврзани содржини