Повторното враќање во европската перспектива за Западниот Балкан е добредојдено, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров за бриселскиот портал Политико.
– Ние ќе бевме уште посреќни да се споменеше проширувањето или комплетирањето на Европската унија. Сепак на крајот, Советот донесе одлука да ги започне пристапните преговори – нагласи Димитров сумирајќи го расположението на регионалните лидери по вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан.
Лидерите на Западниот Балкан и на Европската Унија на вчерашниот Самит потенцира дека регионот останува „апсолутен приоритет“ за ЕУ и го поздравија усвојувањето на новата преговарачка методологија, како и одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија.