ДИМИТРОВ ДА ОБЈАСНИ ШТО ПОТПИША СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА Со самопонижување и плачење ѝ дава аргументи само на Софија
Од партијата сметаат дека Димитров како министет потпиша 2 недоречени од правен аспект договори, кои само и носат штета на земјава.
Во македонската триесетгодишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено, констатира ВМРО-Народна партија која,како што се вели до соопштението со внимание го следи моралниот пат и сопственото самопонижување на министерот Никола Димитров.
Од партијата сметаат дека Димитров како министет потпиша 2 недоречени од правен аспект договори, кои само и носат штета на земјава.
– Во Преспанскиот договор со Грција очигледно заборавил да ги стави точките за гарантирана согласност од страна на Европската унија за нашата евроинтеграција и сукцесивност во менувањето на иместо односно како Македонија ќе напредува во интеграциите така и да се движи процесот на менување на името.Во договорот пак со Бугарија исто така нема член за безусловна поткрепа на евроинтеграцијата од страна на Бугарија што денес практично е најголемиот наш проблем – констатираат од ВМРО-НП.
Од партијата му забележуваат на Димитров дека при заминувањето за да се претстави како патриот ја избира темата за Бугарија.
– На тој начин самиот му помага на нашиот источен сосед кој цело време вели дека „да се биде бугарин во Македонија е многу тешко“. Не смееме да заборавиме дека семејството Димитрови е едно од најпрозваните во минатите триесет години како бранители на тезата за „македонските бугари“. Има многу колумни па дури и книги од членови на неговото семејство кои зборуваат за бугарскиот карактер на Македонија – велат од ВМРО -НП.