ДИМИТРИЕВСКИ СЕ СЛУШНАЛ СО ПРОТИВКАНДИДАТОТ БОЛЕН ОД КОВИД-19 Му посакав побрзо за да се врати назад во трката
Независниот кандидат за градоначаник Максим Димитриевски во гостување во дебатната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија истакна дека се слушнал со противкандидатот за градоначалник на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, кој вчера информираше дека е позитивен на ковид-19 и му посакал добро здравје.
– Се слушнав со Тони Михајловски, му посакав добро здравје, нема симптоми, да закрепне побрзо за да се врати во трката назад, бидејќи треба да дебатираме пред граѓаните. А, воедно и да кажам дека јас сум тврд социјалдемократ и еве ме во студиото. Социјалдемократите не бегаат од дебата, туку транспарентно се соочуваме со реалноста – рече Димитриевски.