ДИМИТРИЕВСКИ ОДИ КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА КУМАНОВО Од денеска ќе собира потписи

Актуелниот градоначалник на Куманово се одлучи на потегот откако неговата партија СДСМ ја остави кандидатурата за овој град за последен момент.

845

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово на локалните избори оди како независен кандидат,  откако неговата партија СДСМ  изборот за кандидат за Куманово го остави за последен момент.

Димитриевки, како што објавија кумановските медиуми,  денеска ќе ја достави неговата кандидатура до ДИК и ќе започне со собирање на потписи.






На престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.

СДСМ сѐ уште не промовира кандидат за градоначалник на Куманово. Медиумите шпекулираа дека партискиот врв  се колебал околу неговиот избор.

Димитриевски најави прес-конференција на која, како што е соопштено, ќе информира за актуелната
постапка, која е во тек, за собирање на граѓанска поддршка за  претстојните локални избори.

Поврзани содржини