Димитриевски и семејството приватно се тестирале и добиле негативни резултати
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета, тврди Димитриевски.
Максим Димитриевски актуелeн градоначалник на Куманово, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека вчера, тој и неговото семејство направиле нови тестови на ковид-19 и сите биле негативни.
„Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на ковид-19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета“, напиша Димитриевски.
Димитриевски и неговоро присуство на седница на Кризниот штаб на Куманово, на која присуствуваа премиерот, тројца министри и епидемиолози беше причина за нивна самоизолација. Тој во изминатите денови беше и под притисок на јавноста, бидејќи не им соопштил на присутните дека се тестирал за ковид-19.