ДИМИТРИЕВСКИ И ЃОРЃИЕВСКА ГО ПОСЕТИЈА ПАЗАРОТ ВО ДОЛНО КОЈНАРЕ Во нас имате пријател

484

И ова неделно утро го поминавме меѓу граѓаните. Го посетивме пазарот во Долно Којнаре каде заедно со носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, поделивме промотивен материјал. Разговарав со жителите и заеднички разменивме размислувања за подобрување на квалитетот на живот, објави актуелниот градоначалник и независен кандидат за градоначалник на Куманово, Максим, Димитриевски.

– Им се заблагодарив за поддршката, во мене тие имаат голем пријател кој ќе направи сè за унапредување и подобар живот за наше Куманово – порача независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим
Димитриевски на посетата во пазарот во Долно Којнаре.

Поврзани содржини