Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, ќе биде казнет прекршочно, односно ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра, бидејќи инспекцискиот надзор на ДЗСИ, покажал неколку прекршувања во Куманово.
– Констатирано е дека лицата на кои на 16.04 им е издадено решение за домашно лекување, направен е прекршок за непостапување по решение, односно истите го напуштиле местото на престој. Тоа е казниво за што ќе се изрече казна за прекршок, односно тоа е парична казна од 300 до 600 евра. Вториот прекршок е направен во евиденција во Службата за итна медицинска помош. Таму секако, како и за постапувањето на докторите од кумановската болница, веќе е во тек вонреден стручен надзор“, вели директорката Сотирова-Бухова.
Поточно директорката Иринка Сотирова-Бухова на денешната прес конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.
– Направен е надзор во болницата „Жан Митрев“, лабораторијата „Биотек“ и лабораторијата „Систина“. Истиот ден, извршени се тестирања, заведени се во електорнската и дневникот за евиденција, а резултатите од тестовите се испратени по мејл. Од надзорот во матичните амбуланти на овие пациенти, констатирано е дека истите се секојдневно контактирани од матичните доктори, при што во ниту еден случај немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба – додава Сотирова-Бухова.