ДИМИТРИЈЕВИЌ Е МВП НА СЕЗОНАТА ВО РУСКАТА ВТБ ЛИГА! Големо признание за Македонецот

Мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч, изјави Димитријевиќ.

122

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ е прогласен за МВП во ВТБ лигата за сезоната 2023/24 .

Димитријевиќ одигра 35 натпревари за Уникс во регуларниот дел од сезоната, имаше просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки.






Уникс првпат заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната, а во одлучувачкиот меч за првото место против ЦСКА Москва, Димитријевиќ постигна дури 40 поени.

– За мене е голема чест да ја добијам наградата за МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед Лигата 2023/24. Оваа година победивме на многу возбудливи натпревари и победивме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите верни навивачи. Но, мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч – изјави Димитријевиќ.

Поврзани содржини