ДИК vs медиуми – Има ли Дескоска двојни стандарди кога е ДИК во прашање?
Повеќе од 3 месеци националните телевизии но и другите, се обидуваат да им објаснат на Дерковски, Кондарко и другите членови на ДИК дека математиката е егзактна наука.
Има ли министерката за правда Рената Десковска двојни стандарди кога се работи за Државната изборна комисија и медиумите.
Повеќе од 3 месеци националните телевизии но и другите, се обидуваат да им објаснат на Дерковски, Кондарко и другите членови на ДИК дека математиката е егзактна наука. Имено после неколкуте состаноци ДИК донесе упатство во кое објаснува дека просечната цена за рекламирање кај радиодифузертите за овие избори е воедно и максималана цена, што е навистина зачудувачки.
Но незаконското толкување на членовите на ДИК е работа која за која еден ден ќе мора да се понесе одговорност за евентуалните финансиски штети кои ќе ги трпат радиодифузерите.
Она што изненадува е индиферентниот однос на министерката за правда Десковска во интервјуто за „Канал 5“ каде вели дека е неприфатливо да се менуваат клучни правила среде изборен процес.
Во истото интервју Десковска проблемот го лоцира не во нормата туку во толкувањето од страна на Дик но што можат радиодифузерите да направат во однос на катасрофалното толкување на ДИК кога тие го изедначуваат терминот просек и максимална цена. Која е моќта на радиодифузерите кои сега ќе трпат штети, ако тоа не го направат Владата, министрите или партиите. Министерката
Десковска тврди дека ги немала видено претставките од радиодифузерите ниту пак скандалозните одлуки на ДИК што е многу чудно. Како министерката за правда која беше дел од тимот за преговори со ВМРО ДПМНЕ не ја интересираат и засегаат лошите упатства на ДИК или пак ја интересираат само изборните проблеми за тоа дали се 21 ден како што ги толкува партијата или 50 до 60 дена како што бара ДИК , па не упатува за решение на проблемот на Управен суд.