ДИК демантира дека почнала со подготовки за избори на 5 јули

340

Државната изборна комисија (ДИК) демантира дека ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.






– Информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од владата врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година, соопшти ДИК

Поврзани содржини