Диетата на Кристина Агилера, ослабела 30 килограми во рекорден рок!

677

Кристина Агилера неколку години се бореше со вишокот килограми и на крајот успеа да ја пронајде формулата која нејзината фигура ја донесе во топ форма.

Поради стрес успеала да добие 30 килограми вишок од кои со помош на овој режим на исхрана на крајот успешно и се ослободила.






Во текот на овој период не користела никаква средства кои поттикнуваат слабеење. Единствена опција за неа била здравата исхрана која фигурата ѝ ја вратила во претходната состојба. Со надзор на нутриционист и силна волја, таа денес изгледа одлично.

Правила на исхраната:

Диетата траела 10 месеци и се одвивала во две фази. Првата траела 4 месеци и подразбирала:

Во овој период имала 3 главни оброци и 2 ужини. Дозволено било консумирање само на одредени намирници како пилешко, мисиркино месо и сирење. Од јаглехидратите на менито се наоѓаат компирот и макароните.

Во втората фаза вклучени биле производи чија основна улога била да се намали желбата за благо.
Дозволено било консумирање на мешунки, месо, млечни производи, јајца и сирење. Дозволено е и некое парче црно чоколадо.

Дневниот калориски внес не смее да надминува 1.500 калории.

Секој оброк би требало да има 450 калории, а ужините околу 150 калории.

Mени за првата фаза:
Појадок – парче пилешко, порција грашок, зелена салата, компир со средна големина.
Ручек – порција житарки, безмасно сирење, целер
Вечера – 2 варени јајца, парче леб од цело зрно, карфиол
Ужина – зелен зеленчук, тиква, тиквички, домат

Мени за втората фаза:
Појадок – шска свежо шумско овошје, авокадо, овесна каша, јајце, малку кикиритки
Ручек – грав со пилешко или мисиркино месо, парче тофу, леб од цели зрна со паста од бадеми
Вечера – салата со морски плодови, зелено јаболко, манго
Ужина – овошје по избор

Мастите и шеќерите се целосно забранети, а како при секоја диета, се препорачува голем внес на вода.

FOTO: befunkycollage

Поврзани содржини