ДИЈАМАНТСКИ ДЕТАЉ ОД 50.000 ЕВРА Скромната Јелена Ѓоковиќ носи баснословна скапоценост на раката (ФОТО)

Јелена Ѓоковиќ неодамна објави семејна фотографија, на која насмеана позира со Новак и нејзиниот син Стефан и ќерката Тара.

2,831

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, и покрај сите материјални придобивки важи за скромна личност. Сепак, еден прескап детаљ на нејзината рака предизвика големо внимание кај нејзините следбеници на Инстаграм.

Имено, Јелена Ѓоковиќ неодамна објави семејна фотографија, на која насмеана позира со Новак и нејзиниот син Стефан и ќерката Тара, а на себе има часовник кој чини околу 50.000 евра.






Магазинот „Хелоу“ пренесува дека се работи за часовник на луксузна швајцарска марка, а се работи за модел со куќиште и рамка од 18-каратно розово злато, со 32 брусени дијаманти и посребрен бројчаник со познатиот примерок „Mega Tapisserie“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Инаку, Јелена Ѓоковиќ е многу активна на социјалните мрежи, а неодамна откри дека ги исфрлила од употреба парфемите.

Како застапничка на природните препарати за нега на лице и тело, Јелена откри дека користи природни есенции на мириси, што предизвика целосен метеж на споменатата социјална мрежа.

„Одамна не користам парфеми, само етерични масла“, ја открила својата тајна Јелена.

И додека многумина решија да го следат нејзиниот пример, имаше и такви кои беа шокирани од одлуката на сопругата на Новак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини