ДЕВОЈКАТА НА ХЈУ ЏЕКМЕН ПОБЕГНА ОД ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Актерката го избегна прашањето за неверството
Актерката Сатон Фостер едвај избегна новинарско прашање за љубовната врска со Хју Џекмен.
Актерката Сатон Фостер едвај избегна новинарско прашање за љубовната врска со Хју Џекмен.
Сатон Фостер неодамна присуствуваше на 69-то доделување на наградите „Драма деск“ во Њујорк. Наградата им се доделува на еминентни актери од светот на театарската уметност, па затоа не е изненадувачки што Сатон беше дел од избраното друштво.
Таа прошета по црвениот тепих во тесен црн фустан кој ја нагласува нејзината завидна фигура, а стајлингот го комплетираше со минимална шминка, црни обетки и чанта во облик на коверт.
Самиот настан ќе поминеше добро доколку новинарите не беа заинтересирани за нејзината љубовна врска со Хју Џекмен и фактот дека актерот е во процес на развод со сопругата Дебора, со која беше заедно 27-години.
Сепак, Сатон не давала изјави во врска со чувствителната тема и мудро избегнувала да зборува за неа. Таа само позирала за фотографите, а потоа побегнала од новинарите.
Да потсетиме, Дебора Ли Фернес официјално поднесе барање за развод од својот поранешен сопруг Хју Џекмен, речиси две години откако тие открија во јавноста дека се разделуваат.
Фернес го поднесе барањето во Њујорк на 23 мај, а наводно сè околу разводот веќе било договорено однапред зад затворени врати.
Како што се зборува, многумина веруваат дека трета личност е причината за разводот на Хју и Дебора. Според наводите на порталот „Пејџ сикс“, Хју ја пронашол љубовта на Бродвеј, каде што заедно глумеше со Сатон Фостер, поточно, таа е „виновна“ за неговиот љубовен бродолом.