📷 ДЕВОЈКАТА НА ДИКАПРИО ДОЖИВЕА НЕСРЕЌА НА ВЕНЧАВКАТА НА БЕЗОС И САНЧЕЗ Убавата Виторија го искина скапиот фустан на парчиња 

Девојката на холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (51), италијанскиот супер модел Виторија Черети (27), откри дека во текот на гламурозната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез, доживеала несреќа со еден од фустаните.

1,245

Девојката на холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (51), италијанскиот супер модел Виторија Черети (27), откри дека во текот на гламурозната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез, доживеала несреќа со еден од фустаните.

Черети носела винтиџ фустан од „Долче и Габана“ за забавата во саботата, но прославата очигледно била бурна, па фустанот попуштил и се искинал на парчиња. На својата инстаграм-приказна, манекенката сподели фотографии во формат „како започна наспроти како оди“, на кои се гледа дека малото дупче на фустанот се претворило во сериозен расцеп.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)


Денот пред големата забава, во петокот, Дикаприо и Черети присуствуваа на самата свадбена церемонија на островот Сан Џорџо Маџоре. Манекенката носеше елегантен црн фустан со косата крената во уредна ниска пунџа, додека актерот, кој е во врска со Виторија од мај 2023 година, се одлучи за класичен црн смокинг и црна бејзбол капа.

Фото: Приватна архива

 

Според ин формациите што ги објави„Пејџ сикс“, последната забава од свадбениот викенд била вистински спектакл. На забавата „до зори“ се забавувале голем број познати личности, меѓу кои Крис Џенер, Опра Винфри, Гејл Кинг, сестри Кардашијан-Џенер, Мик Џегер и Сидни Свини.

Фото: Приватна архива

 

Меѓу „најголемите танчари на вечерта“ се истакнале Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл, модниот дизајнер Томи Хилфигер со неговата сопруга Ди Оклепо и Џесика Сејнфелд, сопруга на комичарот Џери Сејнфелд. Музичката подлога на вечерта ја обезбеди Ашер, близок пријател на познатата двојка, кој изведе микс од своите најголеми хитови.

„Ашер слезе од сцената и танцуваше меѓу сите“, открил еден извор.

Поврзани содржини