ДЕВОЈКА ПРЕГАЗИЛА ВОЗРАСНА ЖЕНА ВО КУМАНОВСКО Возачот повреден, пешакот загина

Вчера попладне на локалниот пат кон селото Горно Којнаре млада возачка удрила во пешак, жена на возраст од 77 години, која починала во скопскиот Клинички центар, соопшти полицијата.

161

Млада девојка вчера попладне со автомобилот удрила возрасна жена на патот кон селото Горно Којнаре, по што повредената жена починала во болница. Во сообраќајката е повредена и девојката што возела.

„На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат кон Горно Којнаре, Кумановско, патничко возило сузуки со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од селото Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од селото Матејче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза, каде подоцна починала. Со телесни повреди се здобила С.П.“, соопшти полицијата.






Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани содржини