Девојка почестила бездомник со вечера, а тој ја претепал и ја убил

За време на апсењето, Хамонд ѝ објаснил на полицијата дека таа вечер имал заблуда дека ја познава од минатиот живот во кој ја убил сопругата.

1,078

Кортни Херон (25) го почестила со вечера бездомникот Хенри Хамонд (27) и наместо да ѝ се заблагодари за прекрасниот гест, подоцна таа била претепана во паркот, а гранка од дрво ѝ била заглавена во вратот, по што таа починала, пренесува „Дејли Стар“.

Откако се случило злосторството, полицијата трага по снимките од надзорните камери од ресторанот. На снимката се гледа како Кортни лежерно разговара со Хенри и тие вечераат заедно и пијат пиво.






Хенри Хамонд е бездомник од мај 2019 година, а пред тоа бил ослободен од затвор откако ја задавил својата поранешна девојка, а ѝ се заканувал со нож.

Кога заминале од ресторанот во Брунсвик, Австралија, Хамонд ја однел во Кралскиот парк во Мелбурн, каде што тој ја претепал и ја заклал.

За време на апсењето, тој ѝ објаснил на полицијата дека таа вечер имал заблуда дека ја познава од минатиот живот во кој ја убил сопругата.

Повредите на главата на девојчето биле толку ужасни што нејзиниот тажен татко Џон Херон не смеел да го види телото ниту да ја идентификува својата ќерка.

– Телото на мојата ќерка беше покриено со чаршав и сè што можев да сторам е да ѝ ја допрам ногата – изјави Херон за „Nine News Acurrent Affair”.

Според медиумите, самата Кортни се однесувала како бездомник, спиела во паркови, а полицијата соопштила дека имала проблеми со дрогата и менталното здравје.

– Бездомништвото е заеднички фактор што оди заедно со овие два предизвика во животот. Колку што знаеме, Кортни сакала да спие надвор од куќата, честопати на улица во паркови. Постмртното испитување утврди дека таа починала од страшен ќотек. Само така може да се опише нејзината смрт – рекол инспекторот Ендру Стемпер, кој ја водел оваа истрага.

Поврзани содржини