Девојче и жена тешко повредени во сообраќајка кај Катланово
Вчера околу 18 часот на патот се судриле патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(46) од Скопје и патничко возило „нисан примера“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Велес.
Жена и девојче се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на локалниот пат кој ги поврзува скопските села Катланово и Брезица.
Како што соопшти МВР, вчера околу 18 часот на патот се судриле патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(46) од Скопје и патничко возило „нисан примера“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Велес.
Во несреќата се повредени сопатниците во „ладата“, Р.Ј.П.(48) и 10 годишна малолетничка, двете од Скопје. Тие се пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.