ДЕВЕТМИНА СЕ УАПСЕНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО НА ПРОТЕСТОТ ВО НОВИ САД Полицијата трага по многумина кои го прекршиле законот
Од деветмината, уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело - Насилничко однесување на спортски настан или на јавен собир, едно лице за кривичното дело - Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривичното дело - Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривичното дело - Предизвикување општа опасност.
Девет лица се уапсени поради нереди на протестот во Нови Сад, на барање на Вишото и на Основното јавно обвинителство во тој град, се вели во заедничкото соопштение на двете обвинителства, објави српска Радио Слободна Европа.
Според соопштението, од деветмината, уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело – Насилничко однесување на спортски настан или на јавен собир, едно лице за кривичното дело – Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривичното дело – Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривичното дело – Предизвикување општа опасност.
- ИСТУРААТ ФЕКАЛИИ ВРЗ ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ Демонстрантите бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад
Во соопштението се додава дека сѐ уште трае потрагата по сторителот на кривичното дело Оштетување на угледот на Република Србија, додека, пак, интензивно се работи на утврдување на идентитетот на други лица за кои постојат основи на сомнение дека сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на службена должност, односно кривично дело – Уништување и оштетување туѓ имот.