ДЕТСКАТА КЛИНИКА Е „ОБЕЗГЛАВЕНА“ Разрешен е организацискиот директор

603

Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.

„Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

По барање на министерот за здравство, денеска оставка од директорската позиција даде медицинската директорка на Униврзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова.

 

Поврзани содржини