Детската клиника доби донација апарати за критични новороденчиња од израелската амбасада

Денешната донација е дел од Перимак програмата на проектот Хоуп во државава, кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност.

191

На Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од Амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Дан Оријан, соопшти Министерството за здравство.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс, односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња. Овие апарати ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на годинава.






Денешната донација е дел од Перимак програмата на проектот Хоуп во државава, кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност.

Овој проект е имплементиран со поддршка на Министерството за здравство и почна во 2017 година.

На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова, регионалниот дирекотр на ХОУП, Влатко Ужевски и проект менаџерот Емилија Дуковска. Перимак проектот треба да заврши во декември 2022 година, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини