ДЕТЕ ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Автомобилот излетал од коловозот
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
Едно дете загина откако вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
„Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција“, се вели во полицискиот билтен.