ДЕТЕ ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНА ТРАГЕДИЈА ВО ДРАЧЕВО За време на тренинг почувствувало удар, до него пронашле зрно

Малолетник од Скопје почувствувал удар во грбот додека тренирал во училишен двор во Драчево, а веднаш потоа било пронајдено зрно од огнено оружје.

0

Вистинска драма се случила за време на тренинг во двор на основно училиште во скопско Драчево, откако малолетник почувствувал удар во грбот, а веднаш потоа до него било пронајдено зрно од огнено оружје.

Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, 37-годишниот Д.М. од Скопје.






Според пријавата, инцидентот се случил во четвртокот вечерта, околу 19:45 часот, додека детето тренирало во училишниот двор.

За среќа, малолетникот не бил повреден, иако зрното завршило во негова непосредна близина.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде било испукано зрното.

Поврзани содржини