ДЕТЕ ПОГОДЕНО ОД ГРОМ ВО ЛЕТЕН КАМП ВО ИТАЛИЈА Настрадало додека одело на фудбалски тренинг

Момчето моментално е хоспитализирано во локалната болница во местото Киети каде лекарите се борат за неговиот живот.

217

12-годишно момче се бори за живот откако вчера попладне било погодено од гром во кампот Целдит на италијанскиот брег на Јадранското Море. Момчето моментално е хоспитализирано во локалната болница во местото Киети каде лекарите се борат за неговиот живот.

Според италијанските медиуми, момчето кога било погодено од громот доживеало срцев удар. Инцидентот се случил во моментот кога момчето одело на фудбалски тренинг заедно со соиграчите.






Брзата помош пристигнала за неколку минути, а лекарите можеле да направат CPR и да му го вратат отчукувањата на срцето. 12-годишното момче, по потекло од Киети Скала, е во тешка состојба во болницата Анунзијата во Киети и може да биде префрлено во болница во Пескара.

-Ситуацијата е многу критична. Детето моментално е интубирано, сѐ уште не се освестило и најверојатно ќе биде префрлен во болница во Пескара на реанимација – соопшти градоначалникот на Киети, Диего Ферара, пренесуваат италијанските медиуми.

Поврзани содржини