Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на ковид – 19, објави телевизија 24 Вести.
Според градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, останатите деца од групата се во изолација, заедно со воспитувачката и негователката.
Во групата биле четири деца, а три требало да тргнат во градинка на 1. октомври. Според Велковски, детето не го добило вирусот во градинката туку од надворешен контакт. Останатите деца и негователките немаат никакви симптоми, но веројатно ќе бидат тестирани на корона вирус, пред да продолжи нивното згрижување во градинката.