Дете од БиХ плаче покрај автопат – му ги украле капините што ги продавало за да си купи книги (ФОТО)

Фотографијата ја направил Селмир Шљивиќ, кој на Фејсбук напиша дека тој прв го забележал расплаканото дете и дека немал срце да го одмине.

4,852

На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија од едно детенце од Босна и Херцеговина кое седи само покрај автопат и плаче затоа што некои повозрасни деца му ги украле капините што ги набрало во шумата за да ги продаде.

Фотографијата ја направил Селмир Шљивиќ, кој на Фејсбук напиша дека тој прв го забележал расплаканото дете и дека немал срце да го одмине.






„Продавач на капини на патот М18, Брлошци, општина Кладањ. Плаче затоа што некои момчиња ги пробале неговите капини, ги грабнале и побегнале. Јас застанав и не е важно што направив, но ги проколнав и овие и сите оние кои крадат пари, живот, љубов, живот. Таткото на детето е невработен, а неговата мајка постојано одела по доктори бидејќи е болна. Какво дно достигнавме како општество кога децата се принудени да работат, а не да бидат заштитени и уште им го крадеме тоа малку што ќе го заработат. Срам ми е, а помагам колку што можам. Малото момче престана да плаче и има уште еден сад за продажба”, напишал Селмир во објавата.

Во јавноста подоцна се појавила информација дека детето со продажбата на капини секое лето собирало пари за да си купи училишен прибор, книги и тетратки.

Поврзани содржини