ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ГЕРМАНСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Приведени двајца, откриен идентитетот на едниот сторител

Шмит е осомничен дека во текот на рутинската контрола најпрво ја застрелал 24-годишната полицајка која сѐ уште била на обука, а потоа и нејзиниот 29-годишен колега.

1,065

Германската полиција го уапсила осомничениот за убиството на двајца полицајци на западот на земјата.

Полицијата вчера попладне го уапсила 38-годишниот Јоханес Андреас Шмит кој е осомничен дека во раните утрински часови при рутинска полициска контрола со огнено оружје убил двајца млади полицајци.






– Го уапсивме лицето по кое трагавме – соопштила полицијата која пред тоа издала потерница по Шмит, чии документи биле пронајдени на местото на убиството.

Полицијата уапсила уште едно лице во Сар, но засега нема објавено повеќе детали.

Шмит е осомничен дека во текот на рутинската контрола најпрво ја застрелал 24-годишната полицајка која сѐ уште била на обука, а потоа и нејзиниот 29-годишен колега.

Шмит, како што навела полицијата, им е веќе познат на властите поради бегање од место на несреќа. Тој поседувал дозвола за оружје.

Засега не е познато дали уште некој бил со него. Убиените полицајци во неговиот багажник пронашле мртво диво животно, по што дошло до ескалација.

Убиениот полицаец пред да биде смртно застрелан испукал неколку куршуми од своето оружје. Двајцата полицајци носеле униформи и панцири.

Политичарите во двете сојузни држави изразија бес поради убиството на полицајците.

Поврзани содржини