Десковска за „Слободен печат“: Маричиќ не смее да го забрани името Македонија!
Поранешната министерка за правда објаснува дека нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот „Македонија“, „Македонци“, „македонско“.
Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името Македонија во својот назив, „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.
Тренеска -Десковска вели дека додека била министерка за правда одобрила десетици барања за користење на името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“, за институции што не се финансирани од буџетот.
– Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини. Од позвучните имиња што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата „А1 Македонија“ која е ребрендиран „ВИП“. Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот „Македонија“, „Македонци“, „македонско“. Името „Северна Македонија“ е обврска при официјална комуникација – вели Тренеска-Десковска за Слободен печат.
Претходно министерот за правда Бојан Маричиќ забрани употреба на термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, кратенката „ПЈРМ“, во преведена или непреведена форма во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација. Повод за тоа било барање на здружение во името да го содржи зборот Македонија.