ДЕШАН ПРИЗНА ДЕКА ФРАНЦИЈА ИМАЛА СРАМНО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ Селекторот ја презеде вината за поразот од Шпанија

190

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го коментираше поразот од 4:6 од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година.

– Пораз е пораз. Губевме со 4:0 и имавме срамно прво полувреме. Сепак, покажавме карактер и имаше работи што ги направивме добро. Имавме две шанси да израмниме на 4:4. Направивме она што знаеме да го правиме. Моја е вината, сигурно не успеав да го направам она што беше потребно во првото полувреме… Поразот болеше. Очигледно, третото место ќе беше подобро. Дојдовме тука со големи амбиции. Успеавме да направиме многу позитивни работи. Не успеавме против Шпанија. Имаме квалитетен тим, млади играчи кои ќе продолжат да растат. Имавме талент да продолжиме да постигнуваме многу добри резултати. На лично ниво, тоа беше навистина прекрасно патување со нив. Поминавме осум недели заедно, почнувајќи од почетокот на подготовките. Беше прекрасно. Разочарувањето произлегува од спортскиот аспект, но имавме можност да предизвикаме емоции, а милиони Французи можеа да ги доживеат тие емоции. Ова е Светско првенство, нема ништо попрекрасно од тоа – изјави Дешан за веб-страницата на ФИФА.






Дешан го имаше својот последен натпревар како селектор на француската репрезентација.

Нов селектор на „Триколорите“ ќе биде Зинедин Зидан.

Поврзани содржини