ДЕСЕТИЦИ ПРОЕКТИЛИ ВО РУСКАТА РАКЕТНА ОФАНЗИВА ВО УКРАИНА Стасуваат и првите видеа од Киев, Харков, Запорожје… (ВИДЕО)

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека се погодени критичните инфраструктурни објекти.

824

Киев утрово беше погоден од серија проектили, во новата руска ракетна офанзива во Украина.

Очевидци сведочат за повеќе од 10 експлозии во главниот град, а во делови од градот снема струја, а во прекин бепше и мрежата на мобилни телефони.






Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека се погодени критичните инфраструктурни објекти.

Експлозии утрово се регистрирани и во Харков и во градовите Запорожје и Черкаси.

И градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека Русите ја нападнале критична инфраструктура во градот.

Нападите доаѓаат откако Русија ја обвини Украина за напад со беспилотни летала врз нејзината флота во анектираниот Крим.

Поврзани содржини