ДЕСЕТ СВЕТСКИ ЛИЧНОСТИ НА КОИ НЕ ИМ СЕ ЗНАЕ ГРОБОТ Моцарт, Да Винчи, Александар Македонски…

Александар Македонски е само еден од десетмина светски личности за кои „за малку“ ќе бил пронајден гробот, а потоа се испоставувало дека мистеријата не е толку лесна за решавање.

581

Какви и колку мистериозни гробови имаат историските личности налик нашиот Александар Македонски или можеби Моцарт? Како умреле? Порталот Нет пишува за десеттте најпознати неразрешени гробни места во историјата.

Џингис Кан






Кинеските и персиските извори велат дека Кан умрел во 1227 година. Неговиот син веројатно го вратил телото на татка си во Монголија. Војниците ја испочитувале желбата на Кан местото на гробницата да го држат во тајност. Се чини дека за да го исполнат ветувањето морале гробот да го изгазат со 10.000 коњи сѐ дур земјата не била порамнета, а дури и пренасочиле цела река да тече преку гробот за никој да не го ограби местото. Тие исто така го убиле секој кој ја видел оваа церемонија. Научниците веруваат дека Џингис Кан е закопан во планините Кентии во Монголија.

Марко Антонија и Клеопатра

Славното двојно самоубиство на љубовниот пар се случиле негде околу 30 година пред Христа откако Октавијан(подоцна познат и како царот Август) ги прогонил до градот Александрија. Дрвениот хроничар Плутарх напишал дека тие се погребани на „сјаен и царски начин во гробница во близина на Александрија. Во 2009 година археолозите го истражуваа храмот Тапосирис Магна во Абсур во Египет. Таму тие пронашле биста со лкот на Клеопатра, маска за која се верува дека му припаѓала на Марко Антоние и монети со нивните ликови. Сето тоа сугерирало дека љубовниот пар не бил далеку од ова место. Постојат и некои докази дека Клеопатра самата себе си изградила гробнива пред да умре, додека некои веруваат дека нивните гробници се на дното на океанот.

Александар Македонски

Откако десет години ја водел својата освојувачка мисија во Грција и Индија, Александар Велики умрел во Вавилон во 323 година пред Христа. Отпрвин бил закопна во златен саркофаг во Мемфис, а потоа е преселен во градот Александрија негде меѓу 293 и 283 година пред Христа. Гробницата била повеќепати пљачкосувана, а некои сметаат и дека подоцна таа била уништена од војните и временските непогоди. По повеќе од 140 обиди и истражувања, сѐ уште не се знае каде точно е гробницата иако многумина веруваат дека и натаму се наоѓа во Александрија.

Атила

Атила се етаблирал како еден од најголемите непријатели на Римјаните. Според записисте, умрел во 435 година, во текот на својата прва брачна ноќ со крв која му течела од носот и устата. Погребан е во три сандаци кои биле изградени од железо, сребро и злато, а слично како и Џингис Кан, цела река била пренасочена за да му го сокрие гробот. Сите луѓе кои го копале гробот биле убиени за локацијата да остане тајна. Пред седум години во Будимпешта градежни работници откриле одаја со човечки скелети, накит и војничка опрема. На почетокот се мислело дека станува збор за гробницата на Атила, но тоа набрзо било демантирано. Сепак и  натаму се смета дека Атила е погребан во Унгарија.

Леонадро Да Винчи

По смртта во 157 година, на 67-годишниот Да Винчи наводно бил погребан пред една црква која била уништена во Француската револуција. Кога археолозите во 1863 вршеле ископувања, пронашле остатоци од надгробен споменик и коски од човек за кои се верувало дека се на Да Винчи. Но, тоа никогаш не било потврдено со ДНК-анализа, бидејќи нема смисла да се прави анализа на крвта на човек кој немал деца.

Харолд Втори

Умрел во 1066 во битката за Хастингс. Наводно неговото тело било толку оштетено што можела да го познае само неговата вонбрачна сопруга. Ни ден-денес не е јасно што се случило со телото и каде е закопан. Имало еден обид за ексхумација, но тој бил одбиен бидејќи наводно биле мали шансите посмртните останки, кои би биле пронајдени, да припаѓаат на Харолд Втори.

Кралицата Будика

Оваа келтска кралица водела востание против Римјаните. Умрела во 60 година од нашата ера, а се верува дека намерно извршила самоубиство за да изгледа дека била заробена. Некои шпекулираат дека нејзините останки веројатно никогаш нема да бидат пронајдени. Но, постојат и гласини дека таа е закопана под пероните 8,9 и 10 на Лондонското метро, на станиата Кингс Крос. Досегашните ископувања ова не го потврдиле.

Моцарт

Сѐ околу неговата смрт е мистерија. Умрел во 1791 година на 35 години од неразјаснета болест. Закопан е на гробиштето „св.Марко“ во Виена. Телото било положено во дрвен сандак, заедно со други тела. Заради тогашниот локален закон, таквите гробови можеле да бидат повторно ископувани за да се користат после 10 години. Се претпоставува дека токму тоа се случило со гробот на Моцарт.

Алфред Велики

Овој англиски крал првпат бил закопан во 899 година во Винчестер. Не за долго, неговото тело било преселено во една нова црква која ја изградил неговиот син Едвард во 903 или 904 година. Во 1110 година телото на кралот било уште еднаш преселено и тоа во Хајд, заедно со телото на жена му и на синот. Но, откако кралот Хенри Осми ги прекинал врските со Рим и Папата, гробницата била уништена и пљачкосана. Некои тврдат дека останките му се преместени во црквата св.Бартоломео, а други велат дека градежните работници во 18 век ги расфрлале неговите коски.

Кралицата Нефертити

Малку се знае за оваа египетска кралица, но археолозите сметаа дека ако се пронајде нејзиниот гроб, тоа ќе може да открие многу за неа. Досегашните истражувања не сугерираат каде би можеле да бидат нејзините посмртни останки.

Поврзани содржини