Дерковски: Серверот беше нападнат од над 25 милиони ИП адреси, одговорност мора да има

531

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Топ Тема вели дека хакерскиот напад предизвика сомнеж во јавноста но дека тоа никако не влијаело врз резултатите од изборите.

– Преку денот имавме одлично функционирање на апликацијата на системот за излезеноста на секои два часа и само што почнавме да објавуваме резултати имавме напад, според зборовите на претставникот на провајдерот, од над 25 милиони ИП адреси – вели Дерковски.






Тој вели дека апликацијата за примање на резултати не била нападната затоа што била на локален сервер и таа функционирала нормално и примала резултати од сите избирачки места. Нападнат бил само серверот преку кој требаше јавноста во живо да го следи објавувањето на резултатите.

Како пристапиле до серверот хакерите е одговорот кој што треба да го почекаме од МВР, вели Дерковски. Ние ќе спроведеме наша интерна истрага но секако ќе ги почекаме резултатите од истрагата на МВР, затоа што имаат доволно стручна екипа да ни помогнат и нам.

– Во секој случај одговорност за настанот мора да има, и кај нашите луѓе од секторот кои што ги управуваат системите затоа што пред некое време набавивме опрема за да имаме понова, пософистицирана опрема и ги обезбедивме сите потребни елементи да не ни се случуваат вакви работи. Имавме и обуки коишто ги правевме за заштита од сајбер напади, но се случи. Да почекаме и да не шпекулираме затоа што е сериозна работата  Тоа што се случи со хакерскиот напад во никој случај не ги става во прашање резултатите од изборите – тврди претседателот на ДИК.

Поврзани содржини