ДЕНЗЕЛ ВАШИНГТОН СИ ГО ПРЕГРИЗАЛ ЈАЗИКОТ НА ПОЛОВИНА „Не можам да глумам“

Холивудскиот актер Дензел Вашингтон изјави дека се опоравува откако си го одгризал јазикот „речиси на половина“, што му отежнува да се подготви за улогата во бродвејската претстава „Отело“, објави вчера „Фокс њуз“.

485

Холивудскиот актер Дензел Вашингтон изјави дека се опоравува откако си го одгризал јазикот „речиси на половина“, што му отежнува да се подготви за улогата во бродвејската претстава „Отело“, објави вчера „Фокс њуз“.

„Пред неколку месеци речиси одгризав половина од мојот јазик. Тоа ми влијае на говорот“, рекол Вашингтон.






Тој објасни дека неговиот отечен јазик му отежнувал да се подготви за главната улога во претстојната драма на Бродвеј „Отело“, во која глуми и Џејк Гиленхал.

Вашингтон не соопшти детали за тоа како го повредил јазикот или како се лекува.

Вашингтон познат по тоа што јавно зборува за животните тешкотии, а отворено зборуваше и за борбата со зависноста од алкохол. Пред 10 години решил да престане да пие, сфаќајќи ги штетните ефекти што алкохолот ги има врз неговото здравје. Денес, тој се чувствува благодарен за својата присебност и се фокусира на поздрав начин на живот.

Инаку, Дензел Вашингтон би можел да ја добие улогата на еден од најпопуларните ликови од суперхеројските стрипови на Марвел, Икс-мен.

Според „Ворлд оф рил“, инсајдерот во индустријата тврди дека Дензел Вашингтон ќе го игра мутантот Магнето во „Црниот пантер 3“, во режија на Рајан Куглер, и во претстојниот рестарт на Икс-мен.

Поврзани содржини