ДЕНЕСКА ЗАСТОЈ НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Се менува семафор оштетен синоќа во сообраќајка
Додека трае поправката сообраќајот ќе се одвива во една лента и ќе биде пренасочен на улица 808.
Во следните неколку часа ќе биде отежнато движењето на возилата на крстосницата на булеварот Александар Македонски со улицата 16. Македонска бригада, соопшти Улици и патишта.
Сообраќајот ќе биде отежнат поради санација и замена на оштетен семафорски портален столб, како и на оштетена инсталација.
Додека трае поправката сообраќајот ќе се одвива во една лента и ќе биде пренасочен на улица 808.
Оштетувањето е причинето од сообраќајка што се случила синоќа.