ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО, АМА ЌЕ ДУВНЕ И ВЕТЕР Дневната температура ќе достигне 43 степени

Утре кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, соопшти УХМР.

813

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираше УХМР.

„Во текот на денот ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Утре кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени“, соопшти УХМР.

Поврзани содржини