ДЕНЕС СЕ ИЗВОЈУВА ВАЖНА ПОБЕДА ЗА МПЦ-ОА Мицкоски порача да бидеме обединети за интересите на Македонија
Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија! Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ, рече Мицкоски.
Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на заедничката литургија денеска на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската патријаршија.
„Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање! Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија! Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ! Така е и денес кога се извојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!
Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската патријаршија. Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија! На многаја лета…“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.