ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

99

Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна.

Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции…






Традиционално, на свечена академија ќе биде доделена наградата „13 Ноември“, а настанот ќе се одржи во 19 часот во Филхармонија.

Како што е најавено, претседателот на Владата денеска ќе се обрати на отворањето на  меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe (МАНУ).

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

Поврзани содржини