Ден по отворањето, десетици училишта во Јужна Кореја затворени поради ученици заразени со коронавирусот

Училиштата во кои учеле заразените ученици веднаш ја откажале наставата, а 66 училишта во градот биле отворени и затворени во рок од два часа, како мерка на претпазливост сѐ додека не заврши потрагата по нивните контакти.

628

Училиштата во јужнокорејскиот град Инчон повторно се затворени откако двајца ученици биле позитивни на коронавирусот.

Десетици училишта во градот западно од Сеул повторно се затворени, само еден ден откако беа отворени.






Училиштата во кои учеле заразените ученици веднаш ја откажале наставата, а 66 училишта во градот биле отворени и затворени во рок од два часа, како мерка на претпазливост сѐ додека не заврши потрагата по нивните контакти.

За овие случаи се верува дека се поврзани со неодамнешното ширење на заразата во ноќните клубови во Сеул. Досега се пријавени вкупно 196 случаи на коронавирус поврзани со кластерот на ноќните клубови.

Датумите за повторно отворање на училиштето сè уште не се објавени.

Поврзани содржини