Ден Дончев повикан во полиција за снимките со купчето пари

548

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, попладнево на покана на МВР се јавил на  разговор во полициската станица Карпош. Разговорот во полициската станица се случува по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име „Лепливи прсти”.

Во видеото се гледа како тој во торба става купче пари.






– Ден Дончев беше поканет со покана за разговор во Полициската станица Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор си заминал – велат од полиција за Плусинфо.

Дончев тврдеше дека снимките се стари и од приватен карактер откако опозицијата го обвини дека парите се поврзани со случајот „Дијамед“.

 

.

 

 

Поврзани содржини