📽️ ДЕМОНСТРАНТ ВИКАЛ ВО ТЕКОТ НА НАСТАПОТ НА ИЗРАЕЛ НА ЕВРОВИЗИЈА Членови на обезбедувањето скокнале и му ја кубеле косата
Демонстрантот се вмешал во настапот на претставничката на Израел Јувал Рафаел, која на крајот заврши на второто место.
Финалото на Евровизија што се одржа во саботата во Базел, беше обележано не само со победата на Австрија со песната „Wasted Love“, туку и со еден инцидент. Имено, демонстрантот се вмешал во настапот на претставничката на Израел Јувал Рафаел, која на крајот заврши на второто место.
Еден млад човек од организацијата „Барање на младите“ (Youth Request) стоел пред сцената и гласно викал во текот на песната. Членовите на обезбедувањето набрзо го опкружиле и се обиделе да го совладаат на мошне груб начин. Едниот од нив ја ставил раката на грлото на демонстрантот, а другиот веднаш го искубел за коса.
Видеото од инцидентот се појави на Инстаграм, каде што следеа бројни коментари.
View this post on Instagram
„Храбар млад човек“, „Ослободете ја Палестина“, „Евровизија требаше да биде бојкотирана затоа што дозволија Израел да учествува“, „Гледам слобода на говор“, „Убаво е да се види херој од-време-навреме“, „Зошто го нападнаа така на концертот? Тоа дури и не беше политички настан“, пишувале луѓето.
За потсетување, 24-годишниот Австриец Џеј-Џеј победи на 69-то издание на Евровизија со песната „Wasted Love“. Тој освои вкупно 436 поени, од кои доби 258 поени од жирито и 178 поени од публиката. Неговата победа предизвика поделени реакции – некои луѓе сметаа дека настапот е одличен, додека други имаа други фаворити.
Во финалето, минатогодишниот претставник на Хрватска Бебе Лазања и Каари направија шоу. Хрватот и Финецот го изведоа својот нов дует „Eurodab“, но и своите евровизиски хитови. Така, на сцената направена во форма на боксерски ринг, се слушаше „Рим Тим Таги Дим“, како и „Ча Ча Ча“, што особено им се допадна на фановите на Евросонг.