ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ БАРА ОСТАВКИ ОД КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И АКЦИЈА ОД ДРЖАВАТА Да се усвои закон за крививчна и политичка одговорност за оние што се на црната листа на САД
Соединетите Американски Држави покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа, соопшти Демократскиот сојуз.
Сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи, порачува Демократски сојуз. Партијата бара да се донесе соодветен закон за да се гонат овие лица.
„Криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна определба и одлука на Артан Груби и на Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократскиот сојуз повикува Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност“, соопшти Демократски сојуз.
Соединетите Американски Држави, се додава во соопштението, покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа.
„Водството на ОНА наместо во ХАГ, 20 години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани и Албанци и Македонци. Очекуваме оставки и акција од државата“, соопшти партијата на Павле Трајанов.