Демант на СДСМ: Со ДУИ не е договорен премиер по принцип „три години Заев, една Зибери“

1,057

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, се вели во партиско соопштение.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори. СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти“, вели Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Поврзани содржини