ДЕЛТА-СОЈОТ СЕ САМОУНИШТИЛ ВО ЈАПОНИЈА Ретка грешка во мутацијата го овозможила тоа
Итуро Инуе и неговите колеги откриле повеќе генетски промени на локација во рамките на nsp14, наречена A394V. Се чини дека овие мутации придонесуваат за осакатен вирус кој не може да се реплицира, што може да го објасни фактот дека делта-сојот едноставно исчезна од Јапонија за неколку месеци.
Преголема мутација и преголемо ширење на делта-сојот на коронавирусот во Јапонија довело до негово самоуништување, конечно потврдија јапонските научници. Ретка мутација во протеинот што овозможува да се акумулираат грешки направила вирусот да не може да се шири повеќе, пишува Јапонски Тајмс, иако на почетокот делта-сојот четирикратно повеќе ги зголеми новозаразените во земјата, јавува ИФЛ Наука.
– Бевме буквално шокирани кога ги видовме наодите – изјави Итуро Инуе во интервју за Јапонски Тајмс и додаде:
– Делта-сојот во Јапонија беше многу пренослив и поради него другите варијанти беа надвор од играта. Но, како што се насобраа мутациите, веруваме дека на крајот стана погрешен вирус и не беше во можност да направи копии од себе.
Од рекордни 26.000 нови случаи на само 140 дневно мистериозно се намали бројката на заразени во Јапонија, а ваков феномен не е прв во светот. Сепак, тој е малку истражен, целат од јапонскиот Национален институт за генетика.
Итуро Инуе и неговите колеги откриле повеќе генетски промени на локација во рамките на nsp14, наречена A394V. Се чини дека овие мутации придонесуваат за осакатен вирус кој не може да се реплицира, што може да го објасни фактот дека делта-сојот едноставно исчезна од Јапонија за неколку месеци.
Теоријата е секако интересна, но не објаснува зошто осакатениот вирус би го надминал доминантниот вид. Се разбира, има и други објаснувања. На пример, дека Јапонија има една од највисоките стапки на вакцинација и луѓето се крајно дисциплинирани при носење маски, што значи дека епидемијата во населените области веројатно брзо ќе заврши.