ДЕЛОВИ ОД ГАЗИ БАБА УТРЕ БЕЗ ВОДА Прекинот ќе трае до отстранување на дефектите

Со намален притисок и можност за целосно прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Методија Андонов Ченто, Финска, ул.4 (Економија), Радован Ковачевиќ, ул.2 и ул.6 (Стајковци) и со целосно прекинато водоснабдување ќе биде ул. Роман Каскалиевиќ, информира претпријатието.

105

Намален притисок во водоснабдувањето и можност за целосен прекин утре од 9 часот ќе имат корисниците од неколку улици во општина Гази Баба поради санација на улични дефекти во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

„Со намален притисок и можност за целосно прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.„Методија Андонов Ченто“, „Финска“, ул.4 (Економија), „Радован Ковачевиќ“, ул.2 и ул.6 (Стајковци) и со целосно прекинато водоснабдување ќе биде ул. „Роман Каскалиевиќ“, информира претпријатието.






Прекинот односно намалениот притисок во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектите.

Поврзани содржини