Делотворна вакцина против ковид-19 најрано во 2022 година

353

Францускиот епидемиолог Арно Фонтане не очекува дека целосно делотворнаа вакцина против коронавирус ќе биде достапна пред 2022 година.

– Развојот на вакцина, по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина во 2021 година – изјави Фонтане за телевизијата БФМТВ.






Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.

Фонтане рече дека граѓаните ќе треба да живеат со коронавирусот долго време и затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.

– Ајде да се придржуваме до правилото за држење дистанца ова лето – барем тоа, рече тој, додавајќи дека најголемата опасност доаѓа од големите собири.

Поврзани содржини