ДЕЛБАТА НА ИМПЕРИЈАТА НА ПРИГОЖИН ВЕЌЕ ПОЧНАЛА Вдовицата отстранета од две фирми, синот се бори со даноци и со директори
Меѓу наведените факти дека битката за превласт почнала е и тоа дека градежната компанија „Лахта Плаза“ која ја води неговиот син Павел на 18 август, денови пред смртта на таткото, создала нова ќерка-компанија за „даночни цели“. Компанијата гради деловни центри, станбени згради и хотели низ Санкт Петерсбург и е во подем.
Распределбата на империјата на Евгениј Пригожин наводно почнала, јавува рускиот информативен канал „Можем Објаснит“, пренесува Њузвик. Според каналот, Вдовицата на Пригожин, Љубов, наводно била отстранета како сопственик на две од најголемите компании на Пригожин, a0 на неjзино место дошол Дмитриј Кошара, долгогодишен партнер на „готвачот на Путин“.
Се вели и дека односите меѓу Љубов и Пригожин биле влошени од претходно и дека нејзе ѝ се одземени акции во повеќето семејни компании.
Меѓу наведените факти дека битката за превласт почнала е и тоа дека градежната компанија „Лахта Плаза“ која ја води неговиот син Павел на 18 август, неколку денови пред смртта на таткото, создала нова ќерка-компанија за „даночни цели“. Компанијата гради деловни центри, станбени згради и хотели низ Санкт Петерсбург и е во подем.
На 26 јуни, неколку дена по неуспешниот бунт на „Вагнер“ во компанијата биле назначени нови генерални директори.
Каналот „Можем Објаснит“ идентификуваше осум од најпрофитабилните компании на Пригожин – Лахта Плаза, Лахта Парк, Мегалин, Мејн Лајн, Пишчевик, Фабрика за храна, РИА ФАН и Невски Новости.
Откриено е и дека мајката на Пригожин, Виолета, криела информации за себе во државните регистри. Таа беше основач на фондацијата „Colors of Life“, која организираше уметнички изложби.
Никој не знае колку точно голема е империјата на Пригожин. На хартија тој има основано бизниси во најмалку 15 земји. Руските власти открија печати на 600 различни правни лица при претресот на неговиот дом. Тоа сугерирра дека тој бил вклучен во активностите на сите овие компании.
Се смета дека годишно приходите од компаниите носат десетици милиони рубљи.