ДЕКОЛТЕТО НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ Е ВО ПРВ ПЛАН ДУРИ И ВО ТЕРЕТАНА Мотото на пејачката е „едноставно“ – Подобро од вчера, секој следен ден
Иако се приближува до 60-тата, Џенифер Лопез изгледа одлично на новите фотографии од својата домашна теретана на кои е со гол стомак и длабоко деколте, а покрај нив, во својата објава, меѓудругото, напиша и: Целта е едноставна. Подобро од вчера, секој следен ден.
Џенифер Лопез ги објави своите најнови фотографии од домашната теретана, покрај кои напиша: „Нека биде едноставно“.
Оваа 56-годишна пејачка и актерка на својот Инстаграм профил сподели серија слики од својата теретана и предизвика бројни реакции, од оние кои се воодушевуваа на нејзиниот младолик изглед, до оние кои се потсмеваат велејќи дека и на 56 употно се труди да изгледа како да има 23 години.
View this post on Instagram
Џеј Ло самоуверено позираше во спортска облека со бордо боја, која вклучува кратка маица со долги ракави, спортски градник и хеланки. Таа гордо го покажува своето грижливо обликувано тело и меѓудругите пораки, ја напиша и онаа која најмногу звучи како нејзино мото: „Целта е едноставна: Подобро од вчера. Секој. Еден. Ден“.