ДЕКЕМВРИСКАТА ПЕНЗИЈА ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ НА 2 ЈАНУАРИ Фондот информира дека за таа цел се обезбедени 150 милиони евра

Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги  достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење, соопшти Фондот.

860

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.

Од Фондот информираат дека за исплата на пензиите се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686 денари  (околу 150 милиони евра) за вкупно 340.156 корисници на пензија.






„Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги  достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење“, се наведува во соопштението.

Фондот на ПИОМ  им ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите пензионери и граѓани.

Поврзани содржини